Резервирај Музика

Одберете го бендот за Вашите омилени моменти. Стапете во контакт и резервирајте го веднаш!

Сакате да бидете објавени - Ве нема на платформата?

Сите изведувачи може бесплатно да бидат објавени на платформата Резервирај Музика. Испратете ни ги Вашите основни контакт информации и ќе Ве контактираме дополнитено доколку е потребна консултација.

Како функционира платформата на Резервирај Музика?

Веб страната на www.rezervirajmuzika.com функционира на начин каде ние мануелно ги објавување нашите домашни бендови или индивидуални артисти, а клиентите ќе можат да ги одберат и разгледаат сите активни групи и изведувачи на целата територија од Македонија.


По одбирање на омилениот бенд или артист, клиентот ќе има можност да види кратка биографија, галерија и контакт информации. Исто така, ќе биде во можност веднаш, со праќање на порака да стапи во контакт со одбраниот бенд/изведувач.


Пораката што ќе се прати од клиентот до бендот, е автоматски процесирана и испратена до email адресата која бендот ја има оставено како контакт.

Како можете да ги контактирате изведувачите?

За секој објавен изведувач, безразлика дали станува збор за група(бенд) или индивидуален артист, ги внесуваме контакт информациите кој можеме да ги најдеме на интернет.


Кога посакуваниот изведувач ќе биде одбран, односно „кликнат“ од Ваша страна, во десниот дел од екранот ќе забележите контакт форма. Таа контакт форма е врзана директно со контакт информациите за изведувачот. Пополнете ја и контактирајте го веднаш Вашиот омилен бенд или соло артист.
*За мобилните корисници, контакт формата се наоѓа под основните информации за изведувачот.

Зачленете се

Оставете ја Вашата email адреса и добивајте новости.

Please wait...

Ви благодариме.

Известување: Сите објавени изведувачи на кои нема верификуван симбол (✅), значи дека за изведувачот немаме точна email адреса (или контакт телефон). Доколку ги знаете информациите за изведувачите, испратете ни ги на info@rezervirajmuzika.com. 

Доколку пак сте Вие личноста или бендот кој е објавен на оваа платформа, и воедно не сакате да бидете повеќе објавени, Ве молиме испратете порака на info@rezervirajmuzika.com за да бидете избришани.