Блог

Интервјуа со Македонските музички бендови
Интервју со Happy End Band

Интервју со Happy End Band

1) Кои се “Happy End” и кога сте оформени?

Името на нашиот бенд е Happy End. Бендот официјално постои од 2012-та година и е составен од 6 членови: Игор Петковски (вокал), Владимир Николовски (гитара), Илија Маревски (бас гитара) и Дамјан Јоров (тапани). Додека Тодор Петров (виолина) и Никола Шкрипцов (клавијатури) се приклучуваат кон крајот на 2014-та година но, за краток период се вклопија и исто како да се присутни од самото формирање на бендот.

2) Каде се имате настапувано?

Имаме настапувано на голем број јавни и приватни настани територијата на Македонија но и надвор од неа.

Нашите јавни настапи главно се одржуваат во познати кафулиња, ноќни клубови и дискотеки, но исто така многу често свириме и на приватни забави од различен караткер.

Покрај наведените свирки, имаме настапувано на големи јавни настани и на концерти пред многубројна публика. Дел од тие настапи се на Пиво Фест во Скопје и настапи како предгурпа на повеќе концерти на познати музички звезди од нашата земја и од екс југословенските простори, на пример, Филип Божиновски, Саша Ковачевиќ, Аца Лукас, Милица Тодоровиќ и Адил.

Исто така во одреден период бевме дел од емисијата “Вечер со Тијана” во која што бевме бендот што ги придружуваше гостите во емисијата во нивните настапи.

3) Кој е според Вас, најголемиот успех?

Ние како група сме особено горди на нашати авторски песни. Нашиот прв сингл е “Кога би била моја” која ја работевме со тандемот Лазар и Магдалена Цветковски за која имаме снимено и видео запис и за која имавме и сеуште имаме само позитивни критики и коментари.

Потоа следуваше втората композиција “Лажев” што ја работевме со Иван Јованов и Марко Слатка за којашто имаме снимено и спот. Исто така ќе ги напоменам и нашите преработки на познати композиции како од македонската народна и забавна музика така и странски песни. Во моментот на ова интервју, работиме на нашата трета авторска песна која планираме да ја објавиме на почетокот на ова лето и со нетрпение ги очекуваме коментарите на слушателите.

4) Кои се Вашите идни планови?

Нашите идни планови се да продолжиме уште повеќе со настапите низ целата наша земја, да снимиме уште многу наши авторски песни кои ќе си најдат свое место во музичкиот и медиумскиот простор и ќе бидат слушани.

Ги поздравуваме вашите читатели и посакуваме што побрзо да ја надминеме пандемијата од вирусот Covid-19 и да продолжиме таму каде што застанавме со уште повеќе забави и можности со нашата музика да ги разубавуваме убавите моменти на нашите фанови и слушатели.

Имате коментар?

Вашата email адреса нема да биде објавена. Задолжителни се сите полиња со *