Алфа Бенд е музичка група составена од млади музичари, која се наоѓа во втората година од своето постоење. Наша цел е изведување на македонска народна и забавна музика, како и странска музика, на професионално ниво.
Нашиот прв проект на преработка на одреден број на песни, успешно го реализиравме, а дел од него можете да пронајдете на YouTube платформата.
Уживаме во музиката, во изведбите и настапите, а најмногу не радува кога останатите се задоволни и разиграни слушајќи ја нашата мелодија.
Стоиме на располагање за секаков вид на фамилијарни прослави (свадба, веридба, крштевка и слично), како и за сите останати прослави (матурски прослави, родендени и слично).
Дозволете ни да бидеме дел од вашите убави и радосни моменти, да ги исполниме со добра музика и со весела атмосфера.
Контакт: 071/713-888 —>Кико
Имате коментар?