Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Свири и пијано, а првата композиција ја има напишано на 11 години.
Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во средното музичко училиште, дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004-та година и магистрира во 2011-та година на отсекот „Музичка теорија и педагогија“ оддел „Методика на музичка настава“. Дебитира на Скопје фест, 1998-ма. Повторно настапува на Скопскиот фестивал 2000-та година каде го лансира мега хитот „Твоето писмо, моја Библија“.
Имате коментар?