Beta House е бенд од Скопје формиран во 2009та година кој 5 години активно настапува во скопските и македонски клубови и фестивали. Формиран е од четворица другари кои претходно свират заедно во повеќе македонски бендови. Раде Кекеновски вокал и гитара, Стефан Стојчев бас гитара, Бодин Попов тапани и Александар Алексов – Балабанов гитарa.
Во 2013 година бендот почна да работи на авторска музика под името BetaHouse и во јуни истата година е објавена првата авторска песна – Мона Лиза. Бендот продолжува со работа на својата музика и 6 месеци после првиот сингл го издава и вториот сингл за песната Емили за која е снимен и спот.
“Емили” на Бетахаус бенд се задржа на врвот на топ листите на македонските радија повеќе од 3 месеци. Бендот моментално интензивно работи на својот деби албум.
Имате коментар?