Brevis Band е музички состав од млади музичари кои во последните неколку години работат на преработка на Македонска Популарна музика и со своите преработки активно настапуваат во Скопје, но и ширум нашата држава.
Ситуацијата која што не засегна сите, ја користиме за создавање на наша авторска музика, за која се надеваме дека ќе биде јавно прикажана и достапна за македонската публика, до крајот на оваа година. Нашите настапи се секогаш во живо и најчесто настапуваме со Македонска Популарна музика и Ex-Yu Pop Rock.
Во бендот членуваат 6 млади музичари: Мартин Иванов (вокал); Никола Николовски (клавијатури); Трајче Илиевски (соло гитара); Димитар Михајловски (виолина); Ѓеорѓи Мицевски(тапани/перкусии); Бојан Дичоски (бас гитара).
Gjorgji Smilevski
May 14, 2020 at 9:43 pmДечките се стварно добри, внесуваат свежина на македонската сцена. Забавата е секогаш пуштена на максимум на нивните журки. Секоја чест, само напред!
Ми се допаѓа 2Emil
May 14, 2020 at 9:43 pmTop ste samo napred
Ми се допаѓа 2Дејан
May 14, 2020 at 9:39 pmПрв пат ги слушнав Бревис Бенд на приватна забава кај пријатели. Веднаш ми оставија впечаток на квалитетен и сериозен бенд и покрај тоа што станува збор за млада екипа. Изборот на песни им беше одличен: микс од преубави екс ју класици со некои од моментално популарните песни на нашата естрада. Оттогаш сум им редовен гостон на свирки, особено во Центар Бар, но исто така и надвор од Скопје.
Ми се допаѓа 2Ги препорачувам!