Верификуван изведувач

Побарајте понуда

Преку следната форма можете директно да го контактирате изведувачот.

Пораката се испраќа само до изведувачот кој го гледате во моментов.


Датум на настанот

Префериран начин за контакт

Fiction e поп-рок состав од Скопје формиран во 2016-та година од страна на Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара) и Филип Андонов (гитара).

Од своите почетоци бендот редовно настапува низ скопските локали како акустично трио изведувајќи преработки на поп, рок, фанк и ретро хитови во свои, оригинални аранжмани.

Бендот паралелно функционира и како авторски, во чија формација се приклучуваат и тапанар и басист. Во 2018-та на Рокфест освојуваат награда за најдобар гитарист за Виктор Захариев, а подоцна истата година на Лузер Фест 2018 го освојуваат првото место.

Во јули 2019-та настапуваат на Д-Фестивал во Дојран, а во август истата година настапуваат како предгрупа на Влатко Стефановски на Joyfest 2019 во Крива Паланка.

Во моментов го снимаат својот прв албум под капата на Пасворд Продукција.

> Додади оценка

Имате коментар?

Вашата email адреса нема да биде објавена. Задолжителни се сите полиња со *

Изведба
Вредност за цена
Времетраење
Професионалност