Ангела Лавровска

Ангела Лавровска

Category:

Product Description

Сигурно веќе ја знаете осумнаесет годишната Ангела Лавровска од Битола која пред извесно време го објави својот втор кавер Someone you loved- Lewis Capaldi. Доколку не ја знаете, на кратко би ја опишале како голем музички ентузијаст, која својата срамежливост ја победила со развивање на музичкиот талент.

Овој пат, ја објавуваме со нејзиниот трет кавер my future- Billie Elish. Нејзината соработка со @Tyrion Production продолжува, секој пат со различен стил за да се долови вистинскиот талент кој Ангела го поседува. Токму и за тоа служи таков музички тим!

Нејзин предизвик за овој трет кавер бил: да се обиде вокално да го рекреира само ден после излегувањето на овој сингл. И според нас- успеала.

Ѝ посакуваме многу успех и понатаму, и еден ден со своја авторска песна да ја чуеме на некој фестивал.

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Ангела Лавровска”

Вашата email адреса нема да биде објавена. Задолжителни се сите полиња со *