Product Description
БАЛКАН БЕНД постои 4 години на нашата сцена и веке се етаблира како една од најбараните групи кај нас благодарение пред се на врвниот квалитет и на забавите кои што се случуваат на нашите свирки, но и на авторската музика која е веќе препознатлив белег во стилот и имиџот на бендот. Со своите 7 авторски песни и 5 високо квалитетни спотови го градиме својот имиџ и стил и сме на чекор од комплетирање на нашот прв албум. Како бенд кој во својот репертоар нуди музика за сите вкусови, забавата е неизбежна за сите генерации без разлика дали сме на подиумот на Вашата свадба, прослава, дискотека, кафич или некој поголем стејџ или настан ( концерт ).
Reviews
There are no reviews yet.