Мартија Станојковиќ

Мартија Станојковиќ

Category:

Product Description

Мартија е родена на 7 април 2004 во Куманово, Македонија. Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото “Ултра”. На 7 годишна возраст ја снимила својата прва песна „Пејачка ќе станам“ со која настапила на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“

Во текот на 2015 и 2016 година учествувала во регионалното музичко талент шоу „Пинкови ѕвездички“ каде го освоила второто место. Во јули 2016 била избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 со песната „Love will lead our way“ која излегла во октомври 2016.

Во септември 2015 го започнала своето учество во регионалното музичко натпреварување „Пинкови ѕвездички“ кое се одржувало во Белград, Србија во организација на Телевизија Пинк, каде постигнала голем успех. Во текот на десетте месеци колку што траело шоуто била еден од протагонистите и со својот неверојатен глас, шарм и сценски настапи успеала брзо да се наметне и да биде меѓу фаворитите за победа. Во суперфиналето одржано на 3 јули во кое останале само десетте најдобри натпреварувачи, го освоила второто место.

Во својата музичка кариера, Мартија издаде 4 синглови, а истите ги понуди како комплетни со видео спот.

 

 

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Мартија Станојковиќ”

Вашата email адреса нема да биде објавена. Задолжителни се сите полиња со *