Симона Поповска

Симона Поповска

Category:

Product Description

Со музика се занимава од шест годишна возраст нејзино прво појавување на сцената е во 1999 година на фестивалот распеано рибарче, на овај фестивал настапува уште две години, а следното музичко искуство е на “Златно Славејче” 2002 година.

Прво поголемо искуство е во 2004 година на првиот домашен избор за песна за детска евровизија каде се пласира на второто место. Во 2006 година настапува на истиот избор и се пласира на трето место, следни искуства се на “Канео Фест” каде добива награда за најслушана песна на годината, “Охрид Фест”, “Мелфест во Прилеп каде во тоа време важи за еден од најпрестижните фестивали” каде го освојува второто место.

Следи настап на Фешта-1 фестивалот во 2009 каде освои трето место со синглот “Нелетај на Небо”. 2010 година следи краток договор со Продукција Република. Во 2012 година потпишува договор со Горила Продукција која се грижи за сите понатамошни ангажмани и активности поврзани со нејзината кариера. Симона издава сингл за темата “До Крај” за која сними и видео запис со кој се проби врвот на сите топ листи низ Р. Македонија.

Потоа следува нејзиниот следен видео запис за песната ,, Летај Високо ,, која е во дует заедно со Филип Кирјаку. Симона го раскинува договорот со Горила Продукција и 2013 година започува соработка со диџеј Ерик Фокс , како The Sound Messengers (проект кој претставува комерцијален хаус , и песни на аглиски јазик ). Нивната соработка успешно продолжува издаваат пет нумери на англиски јазик . Во 2014 година, Симона настапува на Макфест , и добива награда за најдобар дебитант.

Со нумерата ,, Како да заборавам ,, кое е авторско дело на Ерик Фокс , текст Магдалена Цветковска и аранжман Зоран Алексиќ. Симона во октомври 2014 издава спот за нумерата ,, Не е најдобро ,, , дело на Зоран Алексиќ , а спотот е во изработка на Томато продукција. Симона најавува нова песна и спот кој би требало да излезат декември 2014 . За сега е дел од дуото The Sound Messengers и продолжува со работа .

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Симона Поповска”

Вашата email адреса нема да биде објавена. Задолжителни се сите полиња со *