Product Description
Харизма Бенд постои од 2012 година. Настапите на Харизма Бенд се првенствено на свадбените веселби. Имаме гостувано на повеќе национални телевизиски шоу програми и новогодишни програми. Покрај Македонија, имаме настапувано и во Турција, Бугарија, Германија.
Имаме издадено 2 песни за кои снимивме видео записи. Песните се насловени Литар Вино и Лична Невеста. Автор на музиката на двете песни е Сашко Велков, додека автор на текстовите е Орце Зафировски.
Реализиравме проект насловен “Музика и Вино” кој содржи два сплета. Првиот е со македонски свадбарски песни, додека вториот содржи безвременски кафански хитови. Овој проект е отсвирен и отпеан во живо од Харизма Бенд и Ивана Наумова.
До сега сме свиреле на над 400 свадбени и други веселби. Нашите настапи се полни со позитивна енергија и музичка разновидност, а задоволните насмеани лица на публиката каде што свириме се нашиот двигател.
Reviews
There are no reviews yet.