Product Description
Acoustic Division е акустичен поп-рок состав формиран во 2015 година. Давор(вокал), Бојан(гитара) и Мили(бас) ја сочинуват акустичната тројка.
Уште од самиот почеток, присутни се низ локалите и клубовите во Македонија.
Во 2016 година ја промовираа својата прва авторска песна насловена “Без Тебе”,а потоа ја објавија и cover верзијата на песната Somebody to love од Jefferson Airplane.
2017 и 2018 следуваа настапи како предгрупа на”Рибља Чорба” и ”Галија”, како и настапи на фестивалите Пиволенд и Виноскоп.
Во 2019 година ја започнаа објавувајќи акустични обработки на македонски хитови, а ја завршија со промоција на песната Магија со која учествуваа во финалето на музичкиот фестивал Макфест.
Оваа година ќе ја објават својата трета авторска песна, а покрај неа ќе бидат промовирани уште дваесетина обработки на македонски хитови.
Контакт:
Бојан (071 292 679)
Давор (071 235 579)
Reviews
There are no reviews yet.