Blue Band

Category:

Product Description

Блу Бенд е оформен во Јануари 2017година, со свој прв настап на 22 Април истата година. Репертоарот на Блу Бенд се базира главно врз интерпретација на најголемите комерцијални балкански хитови.

Настапите на Блу Бенд се претежно во поголемите дискотеки и кафулиња, а името Блу Бенд го среќаваме и до големите музички имиња (Здравко Чолиќ, Саша Ковачевиќ, Мирза Селимовиќ, Тропико Бенд, Сандра Африка идр.) на најголемите музички фестивали низ Македонија.

Со тоа Блу Бенд добива големо искуство и е познат по своите енергични настапи.

Првата авторска песна “Револвер” е издадена во Септември 2019година, а комплетни автори на песната се мега популарното дуо 2Бона, со кои соработката продолжува и во вториот сингл “Лажи ме” кој е издаден во Јануари 2020г.

Во иднина Блу Бенд најавува заедничка соработка и со Либеро Бенд.

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Blue Band”

Вашата email адреса нема да биде објавена. Задолжителни се сите полиња со *