Dj Shorty P (Pancho | DNK)

Dj Shorty P (Pancho | DNK)

Category:

Product Description

Tекстописец и автор на љубовни песни, хип-хоп и аренби диџеј, горд (аеро) дромец и навивач на МЗТ. Владимир Блажев – Панчо или Диџеј Шорти Пи е искрен и отворен соговорник, музички патриот кој од срце ја брани домашната музика и нејзините вредности, омилен кај колегите и колешките.

Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други.

DNK

Како артисти со претходно музичко искуство и образование Андреј и Панчо се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК-Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.

Издвоени интервјуа со Панчо:

На кафе со Владимир Блажев – Панчо
Отворено со Панчо

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Dj Shorty P (Pancho | DNK)”

Вашата email адреса нема да биде објавена. Задолжителни се сите полиња со *