Fiction

Category:

Product Description

Fiction e поп-рок состав од Скопје формиран во 2016-та година од страна на Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара) и Филип Андонов (гитара).

Од своите почетоци бендот редовно настапува низ скопските локали како акустично трио изведувајќи преработки на поп, рок, фанк и ретро хитови во свои, оригинални аранжмани.

Бендот паралелно функционира и како авторски, во чија формација се приклучуваат и тапанар и басист. Во 2018-та на Рокфест освојуваат награда за најдобар гитарист за Виктор Захариев, а подоцна истата година на Лузер Фест 2018 го освојуваат првото место.

Во јули 2019-та настапуваат на Д-Фестивал во Дојран, а во август истата година настапуваат како предгрупа на Влатко Стефановски на Joyfest 2019 во Крива Паланка.

Во моментов го снимаат својот прв албум под капата на Пасворд Продукција.

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Fiction”

Вашата email адреса нема да биде објавена. Задолжителни се сите полиња со *